Шутни ја својата мачка 2

foto by pixabay

»За неколку минути беше пред кабинетот на претседателот, кој беше „само“ два ката над неговиот кабинет. По љубезното најавување на секретарката веќе беше внатре кај претседателот на управниот одбор. По срдечното добредојде, претседателот му рече дека нема многу време, но сепак мора да му каже дека од понеделник немора да доаѓа на работа, поради тоа што на последниот состанок е договорена рационализација и дека поради непредвидливата конкуренција неговото работно место е укинато. Платата ќе му биде исплатена до крајот на годината, без да мора да има обврски кон компанијата, бенифициите службениот телефон и возилото ќе може да ги користи уште неколку месеци, додека да се снајде на пазарот на трудот, бидејќи добро си ја познава работата, ќе добие најдобри препораки за новото вработување. По извинувањето председателот му кажа дека може да си оди и доколку му е потребно нешто слободно може да го побара, а тој се брза бидејќи веќе има закажано некој друг состанок. 

Сега веќе поранешниот меѓународен менаџер во светски позната компанија кој немаше време ни уста да отвори беше скршен. На човекот му е најтешко кога веќе на никого не му треба, но човекот ќе го зајакне она што нема да го скрши. Одејќи кон својот сега веќе поранешен кабинет, низ главата му помина мислата. „Тикви со расол препорака, кога знам дека кај нас биографиите на постарите од 35 години кога конкурираат за работа не ги ни разгледувавме.“

Си ги собра своите работити и со срдечен поздрав кон поранешната секретарка си замина. На влезот пред неговиот дом спокојно си лежеше неговиот мачор, кој му се најде на патот и силно го шутна. Ова требаше да го направам многу одамна, да го шутнам мачорот кој случајно ми се најде на патот ни крив ни должен. Но никогаш не е доцна за нов почеток. Веднаш почнувам со мојот нов живот. Влезе во својот дом и силно ги прегрна своите две деца кои се зачудија, бидејќи тоа ретко се случуваше, татко им да си дојде порано дома, а камо ли да ги прегрне. За нив се чинеше дека работите ќе им тргнат на подобро, барем почесто ќе бидат со својот татко

Расказов е објавен во збирката раскази „Балканско синапово семе“ во 2009 година – од авторот Мирослав Андреевски. autor teksta

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.