Шутни ја својата мачка

„Ништо не може да се постигне без големите луѓе,

а луѓето се големи само ако се решени да станат големи.“

Шарл де Гол

 

»Дали вие сакате вашето дете да стане голем човек? – Помогнете му што побргу тоа подобро. Бидејќи валутата на 21-виот век – времето, која сите ја имаме подеднакво неповратно се троши.

Во оваа фирма работам 18 години, почнав уште како студент тука да доаѓам на пракса. Бидејќи имав надпросечен успех во студирањето и вредно ги извршував сите работни обврски, раководниот тим на оваа компанија тоа го забележа и ме вработи веднаш по дипломирањето како приправник. Двете години што ги поминав како приправник бргу ми поминаа. Многу научив за оваа работа и почнав добро да заработувам.

foto by pixabay

Третата година веќе бев раководител на оддел, убава работа, добра заработка. Таму се задржав цели четири години. Потоа ме унапредија во раководител на сектор. Добро се снајдов и на тоа работно место, благодарение на веќе стекнатото искуство во работава. Цели шест години поминав во тој сектор, стекнав многу пријатели и деловни партнери. Тогаш и се оженив, набргу дојдоа и децата, кога се роди второто дете веќе бев назначен за регионален раководител. На тоа работно место бев цели пет години, добро ми одеше работата, па затоа од минатата година сум назначен за меѓународен менаџер и сега се наоѓам овде каде што сум. Добро платена работа, но не сум доволно ангажиран, ќе се јавам на председателот на управниот одбор да му ја објаснам мојата положба и да побарам да бидам главен извршен менаџер за овој дел од светот.

Така размислуваше меѓународниот менаџер на позната светска компанија, кога наеднаш заѕвони телефонот и го слушна пријатниот глас на својата секретарка.

  • Господине, ве бара да одите кај него претседателот на управниот одбор.

Сигурно ќе ми даде некое друго подобро работно место, затоа ме вика кај него, ова е прилика да му ги објаснам некои работи. – Си размислуваше меѓународниот менаџер.« ПРОДОЛЖУВА

Овој расказ е објавен во збирката раскази „Балканско синапово семе“ во 2009 година – од авторот Мирослав Андреевски. autor teksta

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.