Amicorum – мај 2014/бр.1/стр.1

» Aмикорум представува резултат на потребата за информирање и дијалог на рамноправни граѓани на една демократска заедница која ја гарантира слободата на јавно изразување на мислата преку моралниот и личниот интегритет, категории кои се опишани во одредбите на нашиот највисок правен акт. Секаков друг пристап од типот на “ронење крокодилси солзи” представува загрозување на слободата на граѓанинот кои се втемелени уште од времето на француската револуција во »La Déclaration des droits de l’Homme et du citoyen« представена на сликата лево. … Чест и задоволство за искажување на веќе заборавените ставови, размислувања, долгогодишни истражувања, интелектуални вредности но пред се верувања на наши угледни граѓани во поубаво утре за себе и за своите современици, кои биле пред своето време со своето дејствување… кога на нивните погледи ќе ги додадеме ставовите на угледни граѓани од нашето потесно и пошироко окружување сите сегашни смешни аргументи за економско – социјалната положба во нашава заедница се распрснуваат како балон од сапуница. Повисоко ниво на квалитетот на живеење, кој е одговорен за создавањето на амбиент кој овозможува економско – социјална благосостојба како начин на живеење… Алчност не е луксуз кој може да си го дозволи мала заедница … тоа е состојба на поединци кои се ограничено просветени … со ограничена морално –  интелектуална вредност, заборавената  традиција на книжевната школа поради ситнобуржоаските погледи и ставови карактеристични за затворени умови кои создаваат привилегирани општествени слоеви … … производ на општествено – економски прилики карактеристични за периодот во кој живееме во последните столетија карактеристично изградени феудално – капиталистичко –  социјалистички односи. Односи кои влечат во провалијата на самодеструкција.

Одговорен уредник Мирослав Андреевски

. . . Pоди се човек – роб биди

роди се човек – скот умри,

скотски цел живот работи

за други, туѓи имоти.  . . .

. . . Нема ли бел ден, нема ли

ден да е над деновите,

ден да е на аргатите – . . .

. . . Ноќе чума ли одеше

плод од поле ли береше –

амбар селски пуст остана!…

. . . Кој ни ги скрши белите крилца

Крилца на галаби бели?

Кој ни замати извори бистри

Извори на души чисти? . . .

од творештвото на

Кочо Рацин«

Ова е текстот кој се наоѓа на првата страница од списанието „Aмикорум“ – граѓанско списание за квалитетот на живеење, првиот број излезе во мај 2014 година. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.