Од 3 до 103 години

»„Каменот што ѕидарите го одфрлија стана камен – темелник.“

од Светото писмо

 

foto by pixabay

Дури и каменот сака да има чувства, а камоли човек. Каменот добива чувства кога некој градител ќе го најде во природата и ќе го вгради во некоја градба. Чувствата треба да почне да се вградуваат во малите големи луѓе во домашен амбиент. Од самиот почеток на новиот живот. Така подготвителниот период побргу ќе биде поминат, а ќе остане повеќе време за искористување на стекнатите благодети. Кај нашето дете треба да развиваме во секој погоден момент позитивен став кон сè, тоа значи дека нема потреба да го оптеретуваме со нешто за кое знаеме дека тогаш кога ќе треба ќе биде совладано. На пример при проодувањето нема потреба од одбивен став, секое паќање при проодувањето значи чекор поблиску до моментот кога тоа нема да размислува за тој проблем кој постоел во тој временски период. Полесно е дете да прооди до своите навршени 15 месеци живот, се мисли на здраво дете без пречки во развојот, отколку возрасно лице од 40 до 60 години да сфати дека успех е да со лоши карти се одигра добра партија. Бидејќи во животот ако го сфатиме како игра нема секогаш во раце да имаме добри карти. Но тоа значи дека и покрај поразот добро сме одиграле. Затоа од моментот кога ова ќе се сфати, иднината и сегашноста на секого ќе му изгледа поубаво. Ова го има изјавено еден 93-годишен старец, кој на тие години ја сфатил оваа порака и почнал да ја применува.

Многу е важно во секоја работа, а особено кога не ни оди како сакаме да внесуваме ентузијазам. Ова важи како за родителот така и за детето на кое му овозможуваме да гради добри навики. Ентузијазмот е вроден, но само треба да му се овозможи да излезе на површина, бидејќи многу е важен при градење на победнички дух. Затоа победникот никогаш не губи, после секој пораз станува посилен, посамоуверен.

Оставете ги другите да работат како знаат и умеат, тие најдобро ќе знаат доколку се стимулирани. Ова значи дека треба детето да го научиме да ги слуша и гледа другите деца кога си играат и да не им пречи, да не заборавиме никој не сака критика. Оваа навика во понатамошниот живот на повозрасни години многу е важна, додека другите работат тоа што го сакаат да се има корист од таа работа. Затоа упорно создавајте ја оваа навика кај вашето дете

Овој расказ е објавен во збирката раскази „Балканско синапово семе“ во 2009 година – од авторот autor tekstaМирослав Андреевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.