Тестот “Marshmallow”

Легендарна студија од психологот Волтер Мишел од Универзитетот Станфорд во седумдесетите години од дваесетиот век. Професорот  Мишел повикувал едно по едно четиригодишно дете во „игротеката“ во градинката Бинг во кампусот на Станфорд. На децата во игротеката им покажувале послужавник со омилените пенливи бонбони маршмелоу или со други слатки и им велеле да изберат една што им се допаѓа.

foto by pixabay

Потоа следувал потешкиот дел. Водителот на експериментот им велел на децата: „Можеш да го земеш благото сега ако сакаш. Но ако не го изедеш додека јас да завршам нешто и да се вратам, тогаш ќе добиеш уште едно“.   

Во собата немало ништо што би им го оттргнало вниманието: ни играчки, ни книги, па дури ни слики. Самоконтролата била најголем подвиг за четиригодишните деца во толку тешки околности. Приближно една третина од нив веднаш го изеле маршмелоуто, додека втората третина ги дочекале бескрајните петнаесет минути за да добијат уште едно слатко. Третата третина се нашла некаде меѓу овие две. Најважно било тоа дека децата што ù се спротивставиле на примамливоста на благото имале поголеми вредности при мерењето на извршната контрола, а особено на прераспределбата на вниманието. Занимливо е дека децата кои биле тестирани во седумдесетите години од минатиот век кога ги пронашле после четириесет години, тие се уште си ги задржале основните карактерни особини забележани при нивното тестирање на нивна четиригодишна возраст.

Еквивалент на овој Тест може да биде следниов тест кој би се спроведувал на лица на возраст од 20 – 22 години. Без оглед дали е направен тестот “Marshmallow” секое дете во себе ги има основните карактеристики и на поголема возраст. Така да ваков теоретски тест кон 20 – 22 годишниците може да се смета за теоретска контрола како би изгледала нивната понатамошна финансиска кариера. Овој тест би се состоел во следново:

Во рок од 10 секунди да одговорат на следново прашање: „Дали би сакале веднаш после одговорот да добијат 1 милион $ или на нивниот 30-ти роденден да добијат 2 милиона $?

1 thought on “Тестот “Marshmallow””

  • Користен тест за деца кој сигурно може да се примени и во сегашно време, така да може евентуалните грешки при воспитувањето на децата да бидат навреме надминати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.